- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Нема доцнење во исплатата на субвенциитеDate of publication: 5 November 2010Исплатата на субвенциите се одвива според предвидената динамика и на тој план немаме проблеми. Во делот на директната финансиска поддршка на земјоделството и преку Програмата за рурален развој досега се исплатени приближно 45 милиони евра, што е скоро половина од планираните средства за оваа година. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, целосно е завршена исплатата на произведеното и продадено кравјо млеко за последниот квартал од 2009 година и за периодот до април годинава, а во завршна фаза е и исплатата на субвенциите за производителите на јаболко.
Наскоро, додава тој, ќе почне исплатата за лозарите и за преостанатиот дел овоштари, како и за градинарското производство. - Кон крајот на годината претстои најголем дел од исплатата на субвенциите. Сега следи дополнително пријавување за произведеното млеко, за овците и козите, за закланите животни во кланиците и преработувачката индустрија и за субвенциите што треба да ги добијат останиот дел од земјоделците, потенцира министерот Димовски.
До продолжување на роковите за контрола на апликациите и на роковите за исплата на субвенциите, како што обаснува министерот Димовски дојде поради продолжување на роковите за аплицирање на барање на земјоделците.
- Од овие причини, навидум станува збор за задоцнето исплаќање. Ние субвенциите ги исплаќаме во согласност со динамиката која што е усогласена со законот, вели министерот Димовски. |