- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски ја отвори годишната конференција на ПРЕПАРЕ програмата за рурален развојDate of publication: 31 August 2010Преку 100 претставници од 20 европски држави учествуваат на годишната конференција на „ПРЕПАРЕ“ програмата што почна денеска во Охрид.
Програмата посветена на руралниот економски развој и проширувањето на ЕУ кон Југоисточна Европа, ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.
Целите на програмата „ПРЕПАРЕ“, истакна Димовски, се совпаѓаат со македонската национална Програма за рурален развој - јакнење на граѓанското општество и промоција на мултинационлната размена во руралниот развој.
- Суштината на Програмата за рурален развој чија основа е модернизацијата и развојот на руралните стопанства, земјоделците добро ја разбраа. Само минатата година преку оваа програма се набавени 250 нови трактори, приклучна механизација, модернизирани се голем број сточарски фарми, што оди во насока на остварување на целта - подобрување на стандардот на руралното население и животот на село, нагласи министерот Димовски.
Тој оцени дека конференцијата е добра можност за согледување на тековните и идните предизвици во руралиот развој во Европа, основа за размена на искуства и идеи, стимулирање на соработката и промовирање на дијалогот меѓу институционалниот, приватниот и граѓанскиот сектор.
Според претседавачот со „ПРЕПАРЕ“ Ханес Лоренцен, важноста на работилниците како оваа во Охрид е дотолку поголема што во нејзината работа, освен земјите членки на ЕУ, учествуваат и државите кои се уште се надвор од европското семејство.
- Тоа е нашето богатство, што можеме да покажеме дека граѓанското општество може да ги кооридинира своите активности на ниво на Европа, а не на ниво на ЕУ, како и да манифестира конструктивна соработка меѓу субјекти на сите општествени нивоа, истакна Лоренцен. Активностите во рамки на „ПРЕПАРЕ“ мрежата се во насока на јакнење на цивилното општество и промоција на прекунационалната соработка во делот рурален развој, особено кај новите членки на Унијата, државите кандидати за членство, како и земјите кои чекаат на ЕУ проширувањето.
Една од најважните компоненти на програма „ПРЕПАРЕ“ се токму меѓународните собири како овој што се одржува во Охрид, на кои им се овозможува на руралните заедници да расправаат и да ги изнесуваат ставовите за актуелните предвизвици со кои се соочува руралниот развој во Европа, за создавањето услови за контакти за размена на идеи и искуства, како и за промоција на дијалогот меѓу институционалниот, приватниот и граѓанскиот сектор. |