Министерот Димовски се сретна со словенечкиот министер за земјоделство и храна Дејан Жидан

Date of publication: 
20 August 2010

Претставување на можноста и условите за инвестирање во македонскиот агробизнис сектор, особено во проектот за изградба на 14 откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи, како и интензивирање и проширување на соработката која ќе биде од заеднички интерес за македонските и словенечките стопанственици. Давање силна поддршка и конкретна помош за решавање на проблемите во аграрот. Ова се дел од заклучоците од билатералнатa средба на македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и неговиот колега, словенечкиот министер за земјоделство храна Дејан Жидан, што се одржа во Горна Радгона Република Словенија, во рамки на  48 Меѓународен саем  за земјоделство АГРА 2010.

 

- Досегашната меѓудржавна соработка е на одлично ниво, исто како и институционалната поддршка на ресорните министерства. Словенија е голем поддржувач на нашата земја, особено во делот на забрзаното прилагодување  и исполнување на европските стандарди, пред се во делот на законодавството, акредитацијата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и во органското производство каде бележиме значајни резултати во развојот - рече министерот Димовски.

 

Македонија е единствена земја во регионот која има донесено Закон за органско производство целосно услогласен со европската регулатива.

 

Овој закон, додаде министерот Димовски, како и останатата легислатива која е услогласена со евопската, е солидна основа за подобрување на квалитетот на целокупното земјоделско производство.

 

Македонската законска регулатива во земјоделското производство и трговијата која е усогласена со европската, за нас е доволна гаранција дека на словенечкиот пазар ќе доаѓаат се поквалитетни  земјоделски производи од Република Македонија. Најголема предност за вашата држава е што сеуште произведувате без употреба на многу хемија, а тоа сега го бара европскиот и светскиот пазар – потенцира на средбата словенечкиот министер за земјоделство храна Жидан.

 

Тој покажа голем интерес за акцијата „Ден на дрвото,, која традицинално се спроведува во Република Македонија. Министерот Димовски го информира неговиот колега дека станува збор за проект кој сега се спропведува само на територијата на Репблика Македонија, но, кој наскоро треба да прерасне во регионален.

 

-Нема место за пошумување во Репулика Словенија, но, тоа е благородна акција. Затоа, симболично ќе ја поддржиме и тоа преку пошумување на помали парцели, односно на површините кои се оштетени од елементарните непогоди- истакна Жидан.

 

Тој додаде дека Република Словенија како и Европската унија води голема грижа за шумите, а со гестот на симболично пошумување ќе ја потврдат заложбата на својата држава за заштита на природата, но пред се ќе дадат силна поддршка на македонска кција за пошумување.