- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Млекопроизводителите меѓу првите земјоделци што ќе добијат субвенции за годинава.Date of publication: 17 August 2010По тутунопроизводителите кои први ги добија 23- милиони евра од субвенциите од годинешната Програма за финансирање на земјоделството, сега на ред се млеко производителите.
Од програмата за финансиска поддршка за 2010 година, сточарите кои млекото го предале во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло во период од септември 2009 до септември 2010 година ќе добијат по 2,5 денари за литар млеко.
Во моментов се исплаќа млекото од првиот рок на пријавување, односно за поднесените барања од 15 февруари до 15 март за млеко предадено во последниот квартал од изминатата година.
Сточарите кои поднесоа барање во првиот рок веќе ги добиваат субвенциите на нивните сметки. Од планираните 74 милиони денари исплатени се околу 50 милиони денари,а останатите средства ќе бидат исплатувани во континуитет и во најкус можен рок.
Кварталното пријавување и исплата на субвенциите за предаденото млеко е направено по барање на сточарите и излегување во пресрет на специфичноста на производството како и за побрза реализација на финансиски средства.
Според сточарите исплатата по квартали ќе им овозможи набавка на добиточна храна во период кога ја има на пазарот наместо целосно да бидат исплатени на крајот од годината, во декември, кога истекува буџетската година.
Слично како и кај тутунот за кој се исплатува субвенција за произведен тутун од претходната година,кај млекопроизводството исплатата се врши за произведено и исплатено млеко од септември претходната до септември во тековната година.
Според тоа млекопроизводителите,кои поднеле барања во роковите за пријавување, од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2010 година ќе бидат испатени за вкупно 12 месеци сметано од септември 2009 до сепември 2010 година.
Поднесените барањата од вториот рок веќе се во фаза на обработка после што следи и контрола пред да се изврши исплатата, додека третиот рок за пријавување за субвенциите за предадено млеко во период од 1 мај до 30 септември 2010 г е од 5 октомври до 5 ноември 2010 година. |