СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Date of publication: 
6 August 2010

Се известуваат сите заитересирани страни дека на ден 30.07.2010 година стапија на сила Правилникот за образецот на барањето за упис во регистарот на откупувачи и регистарот на увозници на одделни земјоделски производи и потребната придружна документација, Правилник за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупувачите на земјоделски производи и поблиските услови кои треба да ги исполнуваат откупните места на земјоделски производи,  Правилник за поблиските услови за упис во регистарот на увозници на одделни земјоделски производи и Правилник за видот на податоците за планираните количини за откуп на земјоделски производи и за реализиран откуп за претходната година, начинот на доставување, формата и образецот за доставување, објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 102/2010.

 

Образецот „Барање“ може да се подигне директно во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (во печатена форма) или во електронска форма на веб-страната www.mzsv.gov.mk.

 

Комплет  документацијата може да се достави лично во архивата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или по пошта на адреса „Јуриј Гагарин“ бр. 15, 1000 Скопје.“

Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: 
Додаток за превземање: