- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски се сретна со претставници на меѓународната фондација,,Slow Food,,Date of publication: 26 July 2010,,Република Македонија има одличен природен потенцијал за развој на земјоделството, особено на традиционалното производство кое се бара на странските пазари. Предничи традиционалното сточарско производство, чии млечни, традиционално произведени преработки, преку мрежата на ,, Слоу фуд, ,, ќе го трасираат патот за промоција и продажба на европскиот пазар.,, Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со Пиеро Сардо, претседател на ,,Слоу Фуд Фондација за Биодиверзитет,, од Италија и претставници на македонската фондација ,,Слоу Фуд Шарпланинска,, членка на меѓународното здружение ,, Слоу Фуд,,. -Водиме сметка за зачувување на традицијата, но, внимаваме притоа да се запазат минимум пропишаните стандарди за производство на безбедна храна. Министерството за земјоделство моменатлно работи на програмата за подобрување на производството на 11стратешки примарни земјоделски култури. Следен чекор е насочување и промоција на развојот на преработките, кои во голем дел сеуште традиционално се произведуваат. Такви се белото сирење, галичкиот кашкавал, разни видови слатка, маџунот. Дел од нив, кои ќе решиме да ги извезуваме ќе мора да ги стандардизираме. Секако, размислуваме и за производите кои како традиционални ќе може да се заштитат од страна на ,,Слоу фуд,,- рече министерот Димовски. Во Република Македонија сеуште традиционално се произведуваат голем број производи и тоа со висок квалитет. Затоа, како што рече Пиеро Сардо, претседател на ,,Слоу Фуд Фондација за Биодиверзитет,, преку мрежата на ,,Слоу фуд,, отворена е можноста тие да се заштитат и да се промовираат надвор од границите на Република Македонија, со единствена цел да се зачува традицијата во призводството. Филипо Унтерхофер, претседател на македонската ,,Слоу фуд,, потенцира дека македонското бело сирење на голем број манифестации кои ги организира ова меѓународно здружение е оценето како едно од најдобрите во европски и во светски рамки. ,,Во координација со Министерството за земјоделство и производителите, со посредство на нашата мрежа, започнуваме активности за промоција и заштита на голем број традиционални проиозводи од Република Македонија. Покрај слаткото од диви смокви, кое од неодамна е и официјално заштитетно од ,,Слоу фуд,, планираме на оваа листа да се најдат и мавровското бело сирење, галичкиот кашкавал и други земјоделски производи кои традиционално се произведуваат како и говедата од расата буша,, - рече Унтерхофер. Министерот Димовски ги информира гостите од Италија дека Република Македонија е единствена земја од регионов која има Закон за органско производство комплетно усогласен со европската легислатива. ,,Имаме одлични услови за развој на органското производство и во моментов сме лидери во неговиот развој, а во рамки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, функционира посебно одделение за органско производство,, - заклучи министерот Димовски. |