- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Истекува рокот за аплицирање за субвенции за кравјо млеко предадено во млекарниците во период од јануари до априлDate of publication: 23 July 20103а една недела, односно на 31 јули истекува продолжениот рок за поднесување на барање за субвенција од 2,5 денари за литар кравјо млеко за сточарите кои во период од 1 јануари до 31 април го предале млекото во преработувачките капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло. Пријавувањето за субвенции за млекото кое е продадено во млекарниците во период од 1 мај до 30 септември, ќе се врши од 5 октомври до 5 ноември.
До крајот на август земјоделските производители преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе можат да аплицираат и за финаниска поддршка за извршени агрохемиски и педолошки анализи на почва во 2010 година, како и за надомест за осигурување на примарно земјоделско производство од основни ризици. Со мерката за осигурување, државата субвенционира 60 проценти од полисата за осигурување на посеви и насади од дефицитарни земјоделски култури, со максимални површини по корисник.
Оваа мерка се однесува за максимално осигурени 5 хектари лозови насади, 2 хектари градинарски култури, до 1 хектар тутун и 10 хектари житни култури.
До 15 ноември за субевнции ќе можат да аплицираат и сточарите за обележани грла овци и кози. Во тек е и аплицирањето за субвенции за кои рокот за поднесување на барање истекува на 1 декември, а се однесува на компензација на производствените трошоци по заштитен производ од растително и од животинско потекло, за корисниците на заштитен географски назив, за производство на суровина за земјоделски прехранбен производ со заштитен географски назив, како и за изработка на елаборат за заштита на географскиот назив на одделни земјоделски производи и преработки.
Во тек е и пријавувањето за финансиска поддршка за контрола и сертификација за заштита на географски назив на одделни земјоделски производи и преработки и за запишување во меѓународен регистар за заштита на географскиот назив.
До 1 декември заинтересираните ќе може да аплицираат и за субвенции за спроведување на кампања за промоција на земјоделско-прехранбените производи со заштитен географски назив на домашниот и на странските пазари, за етикетирање и обележување на производи со заштитен географски назив и традиционален рецепт.
На 1 декамври истекува и рокот за поднесување барања за компензација на дел од трошците за лабораториски анализи и сертификација при спроведување стандарди за безбедност во примарното производство и за надомест на трошоци за регистрирање индивидуални земјоделци во 2010 година, земјоделци осигуреници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и за трговските друштва со претежна дејност примарно земјоделско производство. |