Министерот Димовски ги обиколи погодените површини од невремето во Росоман

Date of publication: 
20 July 2010

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  ја посети Општина Росоман и земјоделските површини кои викендов беа погодени од невремето што го зафати овој регион. Тој ги информираше дека за заштита од град, екипите за противградобијната заштита испукале 32 ракети во росоманскиот и 11 во преспанскиот регион. Во најкус рок тој најави дека комисиите ќе направат проценка на штетите на грозјето, праските  и на другите земјоделски култури.

 

- Заштита со поставување на заштитни мрежи и осигурување на насадите се најефикасниот начин за заштита од невреме и град. И оваа година,  преку мерката надомест за осигурување на примарното земјоделско производство од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, државата субвенционира 60 проиценти од осигурителната полиса за лозови и овошни насади, за градинарски и житни  култури, како и за тутун. Пријавувањето за оваа мерка е до 31 август – рече министерот Димовски.

 

Владата како и многупати досега, додаде министерот Димовски, ќе интервенира и ќе најде начин да им помогне на земјоделците кои се погодени со невремето.