Јавна расправа за предлог-правилник за биодиверзитет

Date of publication: 
14 July 2010
Javna Rasprava 006.jpg

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска организираше јавна расправа за предлог -правилникот за заштита (конзервација) зачувување, на биолошката разновидност на анималните генетски ресурси кај домашните животни.Со овој правилник се регулира начинот на одгледување и прометот на автохтоните раси или линии, формата и содржината на барањето за признавање на нови автохтони раси или линии, за признавање на  традиционални раси, како и за содржината и начинот на водење на регистарот на автохтони раси или линии. Со овој правилник се регулира начинот на мониторинг на биолошката разновидност во сточарството и анализирање на состојбата на биолошката разновидност во сточарството. Со него се регулира начинот и степенот на обезбедување и одржување на генетските резерви за одделни видови, раси и линии на добиток во форма на минимален број на добиток, семенски дози, јајце клетки или ембриони, што ќе овозможи зачувување на расите, односно линиите, како и обезбедување на задоволително производство на анимални производи, односно посебните одгледувачки програми мора да обезбедат генетската варијабилност на добитокот.

 

Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски кој ја водеше јавната расправа истакна дека Правилникот произлегува од Законот за сточарство и во кој се вградени меѓународните декларации и директиви од оваа област.Ниската бројност и слабата продуктивност на автохтоните раси добиток во одреден период односно до нивно стабилизирање ќе бидат и финансиски поддржани преку субвенции.

 

На прашањето зошто рибите не се влезени во овој правилник беше одговорено дека тоа ќе биде регулирано со Законот за рибарство и аквакултура.

 

На јавната расправа учествуваа претставници на Федерацијата на фармери и научни институции.