Пуштен патот во селото Панчарево кај Пехчево

Date of publication: 
12 July 2010
Pehcevo 045.jpg

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски денеска го пушти во употреба патот во пехчевското село Панчерево, долг еден километар.

 

За изградба на патот се потрошени 2,5 милиони денари, средства од Програмата за рурален развој.

 

- Ова е еден од дваесетината патишта кофинансирани од Програмата за рурален развој. Владата и во иднина ќе ги поддржува сите проекти за развој на руралните средини. Силно ја поддржуваме секоја иницијатива за здружување на жителите и земјоделците кои имаат за цел заживување на руралните средини што е од исклучтелна важност за населението од овие региони, рече Иваноски.

 

На пуштањето на патот во село Панчарево, присуствуваше и градоначалникот  на општина Пехчево, Јованчо Станоевски.

 

Заменик министерот Иваноски се сретнa и со земјоделци од Пехчевскиот регион каде што беа презентирани ИПАРД Програмата и владината политика за аграрната поддршка особено во делот договорно производство, здружување на земјоделците и подобрување на квалитетот на нивните производи.