Министерот Димовски се сретна со сточарите од штипското село Парналија

plackovica 003-1.jpg

,,Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку програмите за финансиска поддршка ќе продолжи да им помага на руралните села.

За поддршка пак на развојот на агросекторот во овие региони, државата наскоро ќе објави оглас за распределба на двасеттина илјади хектари државно земјоделско земјиште кое преку огласи  ќе го стави во функција на земјоделците.Иако на барање на земјоделците беше продолжен рокот за аплицирање за субвенции, Министерството за земјоделство ќе направи напори да се забрзаат администеративните и контролите на терен за да можат земјоделците навреме да ги добијат субвенциите. Ова им го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на жителните на штипското село Парналија при посетата на плачковичките села.

На средбата со министерот Димовски, сточарите од овој регион побараа да плаќаат помала пашарина, зошто немаат зимски пасишта, а субвенциите да им се исплаќаат пред почетокот на зимата. Тие го информираа министерот Димовски дека немаат доволно земјоделско земјиште за обработка и побараа и во ова село преку огласи да се врши распределба на државните ниви, за да можат да го зголемат производството.
Во рамки на посетата на плачковичкиот регион, министерот Димовски ја посети и фабриката ,,Фруктана,, во штипското село Аргулица.