- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министрите за земјоделство на Македонија и на Србија го порибуваа Охридското Езеро со подмладок на ендемичниот вид пастрмкаМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заедно со неговиот српски колега Саша Драгин, денеска во Охрид присуствуваа на порибувањето на Охридското Езеро со ендемичниот вид охридска пастрмка.
Во водите на езерото беа пуштени 400 илјади единки охридска пастрмка од годинaшниот мрест, подмладок одгледан по вештачки пат во новоизградените капацитети на Хидробиолошкиот институт во Охрид.
Министерот Димовски појасни дека се работи за трето по ред порибување на Охридското Езеро со пастрмка оваа година, во рамките на тековните активности предвидени со програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Министерството посветува максимално внимание на овие активности, оттаму што наша оценка е дека мора по секоја цена да ја заштитиме пастрмката, како ендемски тип во водите на Охридското Езеро. Во целост ќе се придржуваме и кон забрана за риболов и стопанисување со водете на езерото, се со цел да се заштити пастрмката, рече министерот Димовски.
Тој истакна дека присуството на министерот за земјоделство на Србија на порибувањето му дава поширока димензија на настанот, оттаму што таквите активности се од интересна пошироката заедница.
Министерот Драгин исто така истакна дека ваквите активности се од огромно значење за обновување на еко-системите, на кои мошне малку се внимавало во текот на 90-те години на минатиот век. |