- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Денови на раноградинарски производиDate of publication: 30 May 2010Во Куклиш кај Струмица годинава по втор пат се организира манифестацијата „Денови на раноградинарски производи“ на која учествуваат индивидуални земјоделски производители, земјоделски задруги, здруженија, аптеки и претставници на банките кои го кредитираат аграрот.
На Саемот, на кој посебни штандови на спортското игралиште во Куклиш беа изложени разни земјоделски производи и беше организирана нивна дегустација, присуствуваше и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Ивановски.
- Очигледно се работи за добро организирана и осмислена манифестација на која на едно место можат да се сретнат земјоделски производители, откупувачи и добавувачи на земјоделски производи. Ова претставува празник за земјоделците и е од посебно значење за струмичкиот регион. Се покажа дека земјоделствто е мошне витален сектор кој и во услови на криза успева да опстане, а за тоа посебен показател е ланскиот и годинашниов извоз на земјоделски производи, изјави Ивановски, додавајки дека во иднина треба да се преземат дополнителни мерки за подобрување на квалитетот, асортиманот и маркетингот со цел македонските земјоделски производи да бидат конкурентни на странските пазари.
Покровители на саемските денови на раноградинарски производи во Куклиш се Министерството за земјоделство. |