Македонското земјоделство има капацитет да ги искористи ИПАРД средствата

Date of publication: 
28 May 2010

Македонскиот рурален сектор, вклучително и аграрот е подготвен да ги апсорбира ИПАРД средствата. Институциите се подготвени да управуват со средствата  и да вршат правилна проценка при доделувањето. Самиот факт што им ги пренесовме ингеренциите, покажува дека имаме доверба во нив.

 

Парите треба ефикасно да се искористат, не едноставно да се потрошат, рече денеска Жерар Кили од Европската Комисија, во рамки на шестиот Комитет за следење на ИПАРД со кој претседаваше заменик  министерот за земјиоделство шумартсво и водостопанство Перица Иваноски.

 

ИПАРД е подготовка за влез во ЕУ, напомена Кили, не значи само алокација на финансиската поддршка, туку опфаќа, пред се, два клучни аспекта, развој на земјоделството и јакнење на административната структура што ќе го поддржува. Од вкупно поднесените 131 апликација  на првиот оглас за ИПРАД, по евалуацијата се очекува да бидат одобрени 35.

 

Тоа, според европскиот експерт е респектабилна бројка.

 

Заменик министерот Иваноски информира дека ИПАРД програмата ќе претрпи измени со цел поголемо искористување на европските пари. Се предлага воведување дефиниција за планински подрачја над 700 метри надморска височина од каде што ќе може да доаѓаат следните апликанти и да ја користат можноста за зголемено кофинансирање. Насместо 50 отсто, поддршката за инвестициите во тие подрачја ќе биде 60 проценти, односно 65 ако апликантот е млад земјоделец.

 

Предвидено е, додаде тој, и проширување на мерката инвестиции за модернизација на пластеничкото производство, односно, се овозможува подигање нови, современи пластеници како Замена на производството на отворено. Предлагаме  дополнување и на листата со овошни сорти, а вклучено ќе биде и трпезното грозје, реконструкција на фармите за млечни крави и зголемување на досегашниот лимит од 150 грла на 500, што треба да го поседува апликантот, како и надминување на проблемите со обезбедувањето имотни листови преку давање можност објектите да се префрлат на други локации со соодветни стандарди за градење, објасни Иваноски.

 

Предложените 130 измени додаде тој се веќе прифатени од мониторинг комитетот, а до објавувањето на следниот ИПАРД оглас треба се имплементираат.

 

Тоа, како што рече, ќе придонесе за поголем број апликации и апсорпција на повеќе пари.

 

Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка и развој на земјоделството и руралчниот развој информира дека на првиот ИПАРД оглас најголем број барања има за првата мерка – модернизација на земјоделските стопанства и за втората-кофинансирање на преработувачките капацитети. Бројот на одобрени апликации ќе се знае идниот месец кога ќе биде објавен и финалниот извештај од евалуацијата. Ова, додаде тој, ќе значи дека ќе може да се искористат околу 5 милиони евра од побараните 18 милиони преку доставените 131 апликација.