- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Продолжен рокот за пријавување субвенции во земјоделствотоDate of publication: 28 May 2010Рокот за аплицирање за субвенции е продолжен за еден месец.Наместо до 31 мај, земјоделците ќе може да поднесуваат барања до крајот на јуни. Ова денеска го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, објаснувајќи дека последната измена на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за годинава се врши по барање на земјоделците. Досега за субвенции аплицирале околу 45 илјади земјоделци.
Заедно со претставници на земјоделците, од науката и од комбинатите, министерот Димовски присуствуваше на манифестацијата ,,Ден на пченицата,, која се одржа на опитните полиња на центарот за семенска пченица на компанијата , ,Агроунија,,- организатор на манифатестацијата. Покровител на годинашната манифестација е Министеството за земјоделство.Според Огнен Оровчанец од „Агроунија“ домашните сорти на пченица даваат високи приноси и веќе има три нови признати сорти на пченица.Министерот Димовски истакна дека пченицата засега доброто напредува,а според согледувањата на теренот, годинава се очекуваа ланскиот просечен принос од околу 3 тони од хектар.
Исплатата на тутунот, информира министерот Димовски, оди со предвидениот интензитет. Според него, ова е една од најдобро организираните исплати не само во нашата земја, туку и пошироко. Целта е тутунарите, рече тој, субвенциите кои годинава изнесуваат по 60 денари за килограм откупен тутун, тие да ги добиваат во најкус можен рок. |