Подготовка на слатко од диви смокви во Дојран

Date of publication: 
25 April 2010

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски  присуствуваше на манифестацијата за промоција и подготвка на  слатко од диви смокви што се одржи во општина Дојран во соработка со Слоу Фуд и мрежата на жени на ФФРМ

 

Манифестацијата  е дел од Проектот на Фондацијата Слоу Фуд за промоција на автохтони сорти на оваа култура од целиот свет.

 

Промоцијата на овој производ карактеристичен за југозападниот дел од државата беше и поводот петнаесетина жени од регионот денеска по стар домашен рецепт да подготват околу 100 килограми слатко.

 

- Токму ваквиот традиционален начин на подготовка на храна е тоа што и треба на Македонија за поголема конкурентност на странските пазари истакна министерот Љупчо Димовски. Особено е значајно што веќе станува збор за преработка на земјоделски производ, на култура како што е смоквата која што многу лесно може да го најде патот до крајниот потрошувач.

 

Ваквото слатко според организаторот ќе го промовираме и на саемот кој ќе се одржи во октомври во Италија  кој е на светско ниво и од каде веќе има најави за порачки.

 

Локалната самоуправа преку ваквите манифестации гледа можност за поголема промоција на регионот и привлекување на повеќе туристи.