- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски се сретна со Словенечко – македонскиот бизнис клуб во ЉубљанаDate of publication: 22 April 2010,,Дојдовме да ги продлабочиме добрите економски односи и да ги понудиме македонските производи и македонското вино,,- истакна министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на синоќешната средба со Словенечко – македонскиот бизнис клуб во македонската амбасада во Љубљана, Република Словенија. Македонската Влада и министерството за земјоделство, создаваат услови за прилагодување на македонскиот аграр на европските пазари за поорганизиран настап.
Навремена и корисна средба, беше оценката на Словенечко-македонскиот бизнис клуб во кој членуваат повеќе словенечки компании кои се занимаваат со трговија на земјоделско-прехранбени производи.Треба и може да има повеќе производи од Македонија на словенечкиот пазар, беше констатирано од македонска страна, но, потребна е и поголема организираност на земјоделците и откупните центри кои ќе нудат добро спакуван и класифициран земјоделски производ.
Веќе се работи и на овој план, истакна министерот Димовски. ,,Во тек е изградбата на повеќе откупно-дистрибутивни центри кои што треба да придонесат за побрз и стабилен извоз,, - додаде тој.
Денеска продолжуваат предвидените активности на бизнис делегацијата што ја предводи министерот Димовски со бизнис форум и билатерални средби на кој ќе учествуваат стопанственици од Македонија и од Словенија.
Во рамки на посетата министерот Димовски денеска ќе оствари средба и со вд.министерот за земјоделство и храна Јерк Херик Ѓеркеш |