- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Почнаа ИПАРД обуките и на теренDate of publication: 28 October 2009Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од Охрид ја започна теренската промотивна кампања „ИПАРД - европски можности за македонското земјоделство“. Агендата предвидува одржување инфо денови - трибини, тркалезни маси, форуми, советувања и медиумски презентации низ целата држава. Според Маргарита Делева, раководител на Телото за Уравување со ИПАРД и државен советник за рурален развој во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Промоции за ИПАРД ќе се одржат и во Гевгелија, Кичево, Ресен, Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес и во другите поголеми градови во земјава.
На 30-ти октомври, ќе се одржи форум - семинар за општините на тема „Улогата на ИПАРД во локалниот економски развој“, на кој ќе учествуваат сите градоначалници,a pреку Агенцијата за поттинување и развојот на земјоделството со седиште во Битола преку инфо - деновите ќе се опфатат и сите рурални општини.
На 3-ти ноември ќе се одржи состанок со стопанствениците од агро-бизнис секторот, а во рамки на Меѓународниот саем за земјоделство „Агрофуд 2009“ ќе се одржи и ИПАРД форумот на кој ќе учествуваат и министрите за земјоделство од Хрватска, Словенија и Србија.
Платежната агенција надлежна за реализирање на ИПАРД средствата, идниот месец очекува европска акредитација, а првите огласи ќе ги објави во декември.
Македонија од претпристапните фондови за рурален развој има на располагање 45,5 милиони евра или заедно со националниот буџет за оваа намена 60,7 милиони евра за период од 2007 до 2011 година.
Закон за земјоделство и рурален развој - Превземи Подзаконски акти произлезени од законот за земјоделство и рурален развој - Превземи Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: |