- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Исклучително добар резултат на првиот оглас за ИПАРДDate of publication: 23 March 2010На првиот оглас за ИПАРД средствата се пријавиле вкупно 131 апликант, но оваа бројка не е конечна зашто некои од барањата се уште пристигнуваат по пошта, рече денеска на прес-конференција заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски.
- Ова е исклучително добар, охрабрувачки резултат, особено ако се спореди со резултатите остварени во другите земји, сега членки на ЕУ. Aко пак се земе предвид амбинетот настанат од негативното влијание на светската финансиска криза, ваквите резултати се совпаѓаат со нашите првични проекции, истакна Иваноски.
На првата средба со високите претставници од Европската комисија, која се одржа во Брисел минатата недела, веднаш по завршувањето на првиот оглас, од страна на директорот за рурален развој на Европската унија г-дин Суса Ува, беше потенцирано дека Македонија со првиот оглас ги оправда очекувањата од Унијата и ги потврди високите оценки кои ги доби во текот на акредитацијата. Според него, Македонија со ваквите резултати е пример и за останатите земји кандидатки. Понатаму, додаде заменик министерот, во следните фази, администрацијата треба да остане посветена на постигнување на индикаторите: процент на успешност на одобрени проекти и квалитетот на самите проекти.
- Како резултат на овие пофалби, Европската унија за финансиската 2012 година ги зголеми предвидените 16 милиони евра претпристапна помош за пет, односно на 21 милион евра. Сега практично имаме на располагање 65,7 милиони евра, а не 60,7, напомена Иваноски. Првиот ИПАРД оглас кој беше распишан на 23 декември минатата година, а заврши на 17 овој месец, се однесуваше на првите три мерки од Програмата - инвестиции во земјоделските стопанства со цел нивно модернизирање (за која има 55 барања), инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи (41 апликации) и диверзификација и развој на руралните економски активности (35 барања). Проектиран беше на 24 милиони евра, а од пристигнатите 131 апликација, побарани се околу 18 милиони.
Како што информира директорот на Платежната агенција Тони Димовски,првите договори со апликантите за кофинансисрање на проектите се очекува да бидат потпишани во периодот јуни/јули, по целосното комплетирање на документациите, по евалуациите на бизнис плановите и по контролите на терен.
Во меѓувреме, како што истакна Маргарита Делева државен советник за рурален развој, се размислува за одредени измени на ИПАРД Програмата, односно за вметнување две нови мерки - трениг и едукација на земјоделските производители и рурална инфраструктура. |