Инвестиции за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделски производи

Date of publication: 
16 March 2010

Средствата на програмата за рурален развој за  инвестиции за доработка, преработка, складирање, пакување и маркетинг на земјоделски производи се во висина од 63.000.000  денари.Со оваа мерка ќе се ко-финансираат инвестициите за постигнување на стандардите за безбедност на храна во преработка на земјоделски производи.Во оваа група не спаѓаат преработката на овошје и зеленчук, грозје за вино, млеко и млечни преработки и кланични капацитети. Прифатливи трошоци за кој може да се аплицира се:услуги за изработка на проект и техничка документација за градба,набавка на материјали за градба и елементи за конструкција за адаптација на градежни објекти и комунална инфраструктура за  достигнување на стандардите за безбедност на храна,набавка на материјали за градба, елементи за конструкција и опрема за санитарно-хигиенски простории за вработените, за чување на опрема за чистење,набавка на опрема за чистење и дезинфекција на машини и алати како и услуги за вршење на градежни работи и монтажа и инсталација на опрема.

 

Критериум или услов за добивање на средствата е најмалку 50% од суровината да е од домашно производство од земјоделски стопанства врз основа на склучен договор.Максимална вредност на прифатливи трошоци изнесува  до 5.000.000 денари или до 5% од вредноста на проектот за услуги за изработка на проект.

 

Во втора под-мерка спаѓаат инвестиции за воведување или модернизација на производни капацитети за добиточна храна и тоа во делот на прием и складирање на суровина, подготовка за преработка и преработка , пакување и складирање на готов производ вклучително и опрема за утврдување и контрола на квалитет на производите.Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 5.000.000 денари.

 

Планираните средства за инвестиции за воведување на производни капацитети за производство на меланж се однесуваат за прием и складирање на суровина,  подготовка за преработка и преработка, пакување и складирање на готов производ вклучително и опрема за утврдување и контрола на квалитет на производите како и за услуги за монтажа и инсталација на опрема.Критериумот кој треба да биде запазен е што 100% од суровината треба да биде  од сопствено производство на јајца или најмалку 50%  од домашно производство од земјоделски стопанства врз основа на склучен договор, а остатокот е обезбеден од суровината од сопствено производство на јајца.Максимална вредност на прифатливи трошоци е до 20.000.000 денари.

 

Производителите кои ќе се решат да инвестираат во производни капацитети за преработка на компир и тоа во делот на прием и складирање на суровина, подготовка за преработка и преработка, пакување и складирање на готов производ вклучително и опрема за утврдување и контрола на квалитет на производите, услуги за монтажа и инсталација на опрема ќе мораат најмалку 50% од суровината да ја обезбедат од домашно производство од земјоделски стопанства врз основа на склучен договор.Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува 15.000.000 денари.

 

Корисници на мерките од овој дел од Програмата за рурален развој се приватни правни лица регистрирани согласно Законот за трговски друштва или Законот за задругите со број на вработени не помал од 3 лица и не поголем од 50 лица.Апликантите мора да ги исполнуваат минималните услови за вршење на соодветната дејност согласно Законот за безбедност на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната, Законот за ветеринарно јавно здравство и Законот за сточарство и кои навреме ќе достават барање предвиден во јавниот оглас кој треба наскоро да биде објавен.

 

Средствата се исплаќаат по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.