- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Работилница на тема:,,Подобрување на хорозонталните врски меѓу производителите и преработувачите на овошје и зеленчук-усогласуваDate of publication: 11 March 2010Согласно заклучоците на работилницата на тема: “Подобрување на хоризонталните врски помеѓу преработувачите и производителите и политиката на министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство за унапредување на меѓусебната соработка” одржана на почетокот на годинава,Mинистерството за земјоделство, организираше состанок на тема: “Усогласување на предлог откупни цени“. На состанокот се дискутираа предлог откупните цени за овошје и зеленчук за 2010 година доставени од Македонската Асоцијација на Преработувачи (МАП). На овој состанок присуствуваа претставници на земјоделските здруженија, производители на овошје и зеленчук и на Македонската Асоцијација на преработувачи.
Договорното производство значи сигурност и долгорочен опстанок за земјоделците, истакнаа денеска нивни претставници кои на заедничка средба со заменик – министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Перица Иваноски и преработувачите ги разгледуваа откупните цени за годинашната реколта понудени од МАП.
Земјоделските производители истакнаа дека го подржуваат процесот на договорање со преработувачите, но дека не се задоволни од откупните цени што им ги соопштија откупувачите, 20, 16 и 10 денари за килограм екстра, прва и втора класа пипер „куртовска капија“.
Преработувачите, пак, како клучен проблем го посочија континуираното и сигурно обезбедување сурвина. Цената, нагласија тие, е категорија која зависи од многу фактори и од цените преработките на надворешниот пазар.
- Целта на денешната средба беше да иницираме процес на договрно производство кој ќе гарантира дека земјоделците добиле добри цени и го пласирале родот, а преработувачите доволно квалитетна суровина за своите преработки кои имаат гарантиран пласман на странските пазари како квалитетни македонски производи со повисока цена за разлика од примарните, истакна заменик-министерот за земјоделство Перица Иваноски.
Веројатно ќе се договориме и ќе дојдеме до заеднички задоволително решение, напомена Борис Алексиев, претседател на Асоцијацијата на преработувачи.
На работилницата беше договорено земјоделските здруженија да организираат средба со преработувачите на која ќе ги понудат нивните предлог откупни цени.Министерството за земјоделство беше кажано дека ги поддржува напорите на земјоделците и откупувачите заеднички да ги решат актуелните проблеми. |