Услови за трговија со семе и саден материјал

Date of publication: 
25 February 2010

Од 3.500 до 5 илјади евра казна за правното лице и 1300 до 2 илјади евра во денарска противврденост за одговорното лице на компанијата, но и забрана за вршење на дејноста во временски период од 1 до 5 години. Ова е  казната за компаниите за кои Државниот земјоделски инспекторат (ДЗИ)  ќе констатира дека  вршат неовластена трговија со семе и саден материјал.

 

Доколку ДЗИ, при контрола на терен,  констатира  неовластена продажба на семе и саден материјал од страна на физички лица, казната за  нив изнесува

 

600 евра во денарска противврденост . ДЗИ на прекршителот ќе му изедаде платен налог на прекршителот. Доколку тој налогот  за сторениот прекршок го плати во рок од 8 дена, ја плаќа само половина од предвивената законска казна. Во спротивно, треба да го плати целиот износ, заедно со трошоците за водење на постапката.

Согласно законот за семе и саден материја

л,  со производство, подготовка за трговија, увоз-извоз, трговија на големо и мало на семе и саден матријал можат да се занимаваат единствено домашни и странски компании или  физички лица – снабдувачи, кои  се запишани во регистрите на снабдувачи на семенски материјал, односно на саден матријал. Регистрите ги води Управата за семе и саден материјал при Министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Снабдувачот на одредени видови  земјоделски растенија, за кои не е потребна официјална сертификација се запишува во регистарот со посебно решение. Тој е должен да стави етикети на своите производи кои ги пласира на пазарот. Уписот во регистарот на снабдувачи на саден матријал не е задолжителен за оние кои произведуваат мали количини саден матријал кои ги користат за сопствени потреби.

 

Со  оваа дејност можат да се занимаваат и странски компании, но услов  е тие да имаат регистрирано подружници во Македонија, согласно Законот за трговски друштва.

 

За да се запишат во регистарот на снабдувачи со семенски  и со саден материјал, домашните или странските правни, како и физичките лица мора да исполнат определени услови. Основно е да имаат вработено најмалку едно лице со високо образование од областа на земјоделските науки од соодветната насока. Тоа  треба да има и најмалку 3 години работно искуство  во струката.

 

Правните и физичките лица вршители на оваа дејност, задолжително мора  да имаат и соодветно земјиште, опрема, деловни и соодветни магацински простории. Запишувањето во регистрите се врши со поднесување на барање  и документацијата за исполнување на условите до Управата за семе и саден матријал.