- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Турција и донира на Македонија две возила со комплетна опрема за гасење шумски пожариDate of publication: 23 February 2010Две теренски возила и опрема за гасење шумски пожари, е донацијата вредна 300.000 долари што денеска ја доби македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство од Министреството за земјоделство на Република Турција. Станува збор за пожарникарско возило - камион и теренско за брза интервенција, кои вклучуваат комплетна опремна за гаснење пожари за 20 лица. Донацијата е наменета за Министерството за земјоделство и за јавното претпријатие „Македонски шуми“, а се реализира преку Турската владина администрација за развој и соработка (ТИКА).
Оваа донација, како што рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димосвки, претставува уште една потврда за добрата соработка со пријателска Турција. Нему, турскиот амбасадор во Република Македонија, Арслан Хакал Окчал симболично му ги предади клучевите од возилата.
Според министерот Димосвки, шесттонската цистерна за гасење пожари и теренското возило со комплетна опрема, одговараат на нашите шумски, тешко достапни планински терени.Тој додаде дека Македонија има доволно стручни кадри кои ќе ракуваат со турската донација. Турскиот амбасадор истакна дека Турција со задоволство ќе им ги пренесе своите големи искуства во гасењето пожари на пријателите од Македонија. |