- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Рокот за поднесување барање за ИПАРД средствата продолжен до 17 мартDate of publication: 23 February 2010По барање на потенцијалните апликанти, рокот за поднесување барања за средствата од ИПАРД програмата се продолжува за три недели, односно до 17 март, соопшти денеска заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски.
Со ова, ќе им се дадеме можност на апликантите кои досега не ги комплентирале документите, тоа да го сторат и навреме да поднесат барања за ИПАРД средствата. Министерството за земјоделство очекува во првиот рок да бидат доставени околу 50 апликации.
Првата година од реализирањето на ИПАРД не можеме да сметаме на спектакулрани резултати. Сепак, ќе бидеме во рамки на очекуваното, 100 до 150 апликанти. ИПАРД.
Ако се направи споредба со другите земји, Македонија, добро котира. Во Словенија првата година за четири мерки од САПАРД, пандан на ИПАРД, се јавиле 65 апликанти, во Литванија за пет мерки барања поднеле 121 апликант, а во Естонија за две мерки 30 апликанти.
Со првиот рок за ИПАРД се предвидени околу 24 милиони евра од вкупно планираните 60,7 милиони. Вториот оглас како што информира заменик министерот,треба да излезе за три до четири месеци. Документите што ги издава Министерството, околу 10, заинтересираните можат да ги добијат во подрачните единици со поднесување на само едно барање. |