Јавно отворање на понуди за концесии на ловни региони

Date of publication: 
8 February 2010

Во министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство денеска се изврши јавно отворање на понудите за  давање на дивечот во ловиштата на користење по пат на концесија во ловните реони  Гевгелија, Валандово, Битола, Берово, Охрид, Куманово,  Кочани и Скопје.

Право на учество на јавниот конкурс имаа сите домашни и странски правни лица, кои меѓудругите ги исполнуваат и следните услови:

 

-         Да е регистрирано за вршење дејност ловство;

 

-         Да има материјално-технички можности за вршење на дејноста ловство;

 

-         Да понуди програма за развојни можности на дивечот под заштита во ловиштето;

 

-         Да има вработено најмалку едно стручно лице со завршено високо или средно образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство.

 

Понудувачот има право да достави понуди за едно ловиште или за повеќе од едно ловиште, но само една понуда за одредено ловиште.

Периодот за кој се дава дивечот на концесија по ловишта е 10 години за ситен дивеч и 20 години за крупен дивеч.

 

Концесионерите треба да предвидат одгледно заштитни мерки,населување на дивеч во ловиштето (автохтони и алохрони),обезбедување на храна и прихрана на  дивечот во ловиштето по нормативите дадени во посебната ловностопанска основа, предвидени ловнотехнички и ловостопански објекти и друго.

 

На  јавното отворање  беа поднесени 41 понуда,а по деталниот увид на документацијата и по еволуацијата ќе се изберат најдобрите понудувачи за концесии на дивечот во овие реони.