МЗШВ договара откуп на вишокот на домати од страна на домашните преработувачките капацитети

Date of publication: 
21 June 2018
logo_mzsv_9_0.png

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство континуирано ја следи состојбата со откупот на земјоделските производи. Во врска со откупот на доматите и нивната откупна цена , истакнуваме дека изминативе три недели тимови од МЗШВ се постојано на терен и во комуникација со откупувачите и со земјоделските здруженија. Почетната откупна цена на доматите беше 25 до 30 денари за килограм, а сега е 10 до 15 денари за килограм. Точно е дека во моментов е отежнат откупот, заради тоа што расте понудата на нашите традиоционални пазари од тамошни домашни производители, што влијае врз отежнување на откупот на македонските домати. Но, со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците, МЗШВ веќе е во комуникација и договара, вишокот на домати да го откупат домашните преработувачките капацитети.
Паралелно се следи и производната цена на доматите преку ФАДН системот и продажните цени на големо преку Земјоделскиот пазарен информативен систем, и доколку се увиди дека земјоделците остваруваат загуби од производната и продажната цена, министерството може да излезе со дополнителни мерки за производителите на раниот домат.
Воедно, МЗШВ интензивно работи и на отворање на нови пазари за македонските земјоделски производи. Уште пред неколку месеци е испратен допис до сите конзуларни канцеларии и до амбасадорите, да помогнат во делот на отворањето на странските пазари за македонските земјоделски производи. Од друга страна, МЗШВ има изготвено листа од околу 50 заинтересирани фирми за инвестиции, од кои дел се заинтересирани за изградба откупно-дистрибутивни центри, за што Работните групи во МЗШВ веќе имаат направено мапирање на региони каде би се граделе истите. Сето ова ќе помогне во решавањето на пласманот на земјоделските производи.
Исто така со оглед на тоа дека жетвата на житните култури е веќе започната, МЗШВ деновове ќе излезе и со пресметките за производната цена на годишната пченица и мерките кои ќе се преземаат.
Досега се оддржаа повеќе состаноци со земјоделците производители на пченица и со мленичарите откупувачи, се со цел да се постигне договор од заеднички интерес. Агенцијата за стокови веќе ја започна постапката за објавување на јавен оглас за откуп на домашна пченица за потребите на резервите, во количина од 12.000 домашна пченица. На овој начин ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица која што потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стокови резерви, а воедно ќе се влијае и да се постигне солидна откупна цена на домашното жито. Воедно, за прв пат ќе се пуштат и помали лотови на кои што ќе можат да конкурираат и земјоделците.