- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Презентиран Предлог законот за земјоделство и рурален развојDate of publication: 2 February 2010Уредување на пазарите со земјоделски производи, обезбедување стабилност на доходот на земјоделските производители, зачувување на конкурентските услови, пропишување услови за откуп и увоз, воведување задолжителни откупни договори и потсекторска соработка, како и мерки за поттикнување на потрошувачката и за заштита на пазарот, се дел од одредбите содржани во новиот закон за земјоделство и рурален развој што го изготви Владатаa, кој е веќе во собраниска процедура.
Замник-министерст за земјоделство Перица Иваноски, на презентацијата на овој нов законски проект, објасни дека станува збор за системски закон што ќе го замени постоечкиот од 2008 година. Освен прилагодување кон европската легислатива посебно во делот на државната помош и организирањето на земјоделските производители, новото законско решение предвидува и решенија со кои се регулираат пазарните односи, откупот, узвозот и надминување на пазарните нарушувања, се намалуваат или отстрануваат негативните тенденции на пазарот на земјоделските производи. Откупувачите на земјоделски производи, согласно новите правила ќе мора да се регистрирани во Министерството за земјоделство и да исполнуваат одредени услови, големина, објекти, ликвидност, солвентност за да можат да се занимаваат со оваа дејност.
Откупот, додаде заменик министерот ќе се врши на откупни пунктови одредени од страна на откупувачот, а за кои Министерството за земјоделство ќе мора да биде известено најмалку 30 дена пред почетокот на откупот. Најмалку десет дена пред почетокот на откупот, на пунктовите ќе мора да се исакнат и откупните цени за секоја категорија на квалитет на производот. За реализирање на откупот, како што најави заменик министерот, ќе биде обврзно потпишување договор со пропишана форма и содржина кој за минимум 50 отсто од откупените количини мора да е склучен најмалку 45 дена однапред. Исплатата, пак, треба да биде во рок од 30 денови по преземањето на земјоделските производи. Договорот, додаде тој, може да предвидува авансна исплата или исплата на 20 отсто од вредноста на производот во рок од 20 дена од денот на откупот, како и рок на исплата на остаток од вредноста не подолг од шест месеци. Регистрирање на увозниците на одделни земјоделски производи, интервенциски мерки поврзани со откуп на стоки за потребите на стоковите резерви по интервентна цена и според услови на набавка кои треба да ги исполнуваат понудувачите и производот пропишани во јавен оглас и поддршка за складирање преку обезбедување пониска цена или покривање на трошоците и поттикнување на потрошувачката преку откуп, пакување и дистрибуција на свеж зеленчук и овошје произведени во Република Македонија за подобрување на квалитетот на исхраната на лица вклучени во државниот образовен, здравствен и социјален систем, се исто така дел од новото законско решение.
Законот за земјоделство предвидува и мерки за заштита на пазарот преку пропишување дополнителни увозни давачки над минимална цена на граница и врзување на увозни количини на одредени земјоделски производи со откупот на земјоделски производи произведени во земјава. Воедно се дефинира и политиката на директни плаќања.
Во делот на руралниот развој, се прецизира што се рурални средини, заедници, предели, рурални региони и подрачја со ограничени можности за земјоделска дејност, наведени се начинот, постапката и условите за реализација на мерките од посебни политики на рурален развој како што се зголемување на конкурентската способност, заштитата и унапредување на животната средина и руралните предели, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини, поттикнување на диверзификација на економските активности за зголемување на можностите за вработување и на локалниот развој.
Со законот, како што објасни заменик министерот Иваноски се опфатени и државната помош во земјоделството, формите на здружување на земјоделските производители, како и секторската соработка со социо-економските партнери - Советот за земјоделство и рурален развој, подсекторските постојани групи, Меѓуресорското тело за рурален развој и Комитетот за следење на ИПАРД програмата. Во тек е изготвување на подзаконските акти, со цел што побрзо стапување во сила на законот по неговото изгласување во Собранието на Република Македонија. |