- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Николовски: Годинава извозот на зелки е зголемен за 34 отстоDate of publication: 26 April 2018Извозот на пролетната зелка оваа година во споредба со лани е зголемен за 34 отсто, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешните пратенички прашања, одговарајќи на прашањето на пратеникот Никола Мицевски од ВМРО ДПМНЕ. Николовски во одговорот посочи дека од почетокот на февруари досега се извезени околу 32,2 милиони килограми зелка во вредност од близу 9,6 милиони долари, а лани од почетокот на февруари до 30-ти април се извезени 24 милиони килограми зелка во вредност од 6,6 милиони долари. МЗШВ и натаму континуирано се следи откупот на зелки и се преземаат конкретни мерки за извоз на зелката. Откупот на зелката започна со откупна цена од 40 денари за килограм, потоа се намали на 35 денари. Преку интензивните средби со земјоделците и откупувачите, МЗШВ, ги исполни барањата на производителите, откупната цена на зелката до празникот Велигден да биде 20 денари, и таа се задржа тогаш на тоа ниво. Во однос на откупната цена на пролетната зелка, министерот Николовски посочи дека годинава цената започна со 40 денари, а во изминатите години се случувало откупната цена да заврши со 5 денари за килограм. Според анализите на МЗШВ, периодов се намалува понудата на пазарот и цената на зелката ќе се зголемува, во моментов откупната цена е 10 до 11 денари. |