- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Николовски:Се водат разговори за пласман на македонската зелка на рускиот пазарDate of publication: 16 April 2018Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано за следи состојбата со откупот и цената на пролетната зелка, и се преземаат мерки за понуда на македонската зелка на рускиот пазар, порача министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
При тоа министерот Николовски посочи дека во моментов се собираат податоците за расположливите количини и цените и интензивно се водат разговори за пласман на зелката.И денеска претставници од Министерството ќе имаат средба со производителите од Струмичкиот регион. Украина и Русија засега не увезуваат македонска зелка затоа што имаат прилив од други земји по многу поконкурентни цени.
- Во овие неколку часа се подготвуваат информации кои ќе бидат испратени до Македонско-руската стопанска комора која ги води разговорите. Верувам дека ќе имаме резултат, изјави министерот Николовски.
Николовски посочи дека се вложуваат максимални напори не само за олеснување на извозот, туку и за обезбедување нови пласмани.
- Вложуваме максимални напори да го олесниме извозот, но притисокот од други земји е многу голем и си го прави своето. Цената е многу поконкурентна од нашата, и ние правиме напори за да обезбедиме пласман, посочи министерот Николовски, додавајќи дека во изминатиов период со Москва се разговараше и за царинските давачки кон Македонија. Средби со производителите од Струмичко ќе има и утре затоа што
Министерството, како што потенцираше министерот Николовски, се труди да најде решение. Инаку цената на зелката во моментов, е 12 денари за килограм, а МЗШВ и во следниот период ќе ја следи состојбата со откупот. |