Контроли во Свети Николе за утврдување на правото на користење на државното земјоделско земјиште

Date of publication: 
4 April 2018
zemja.jpg

Во насока на продолжување на активностите за обезбедување на слободни земјоделски површини , Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во процес на објавување на јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до и над 3 хектари во регионот на Свети Николе.

Во оваа насока , се превземаат интензивни активности за расчистување на земјоделското земјиште од против-правното користење на земјиштето и ослободување на истото од узурпаторите , кои во минатиот период без основ го користеле. Овие активности се одвиваат во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство , шумарство и водостопанство .

Целта е да се добијат слободни површини кои ќе можат да се понудат за користење на вистинските земјоделци . Истовремено, шпекулациите во овој регион дека Министерството за земјоделство , шумарство и водостопанство ќе објави јавен повик за користење на земјоделското земјиште , а кои се поттик да се узурпира земјиштето најостро ги демантираме и ги известуваме земјоделците дека Министерството во овој период не планира објавување на јавен повик за користење на државно земјоделско земјиште.

Ги информираме земјоделците да не посегнуваат кон против-правно заземање на земјиштето бидејќи контролите на инспекторите се во тек и нема да се толерира незаконско користење на државното земјоделско земјиште од физички и правни лица, за кое следува изрекување на глоби и казни согласно законот за земјоделското земјиште.

Министерството за земјоделство , шумарство и водостопанство во согласност со Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост и методологијата за процена на пазарната вредност на земјоделското земјиште во државна сопственост под оражнерии и објекти кои се во функција на земјоделското производство подготвува јавен повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделското земјиште во државна сопственост под оранжерии и помошни објекти во функција на оранжериите кои се во функција на земјоделското производство .

Преку оваа постапка ќе се овозможи сопствениците на оранжериите и објектите кои се во функција на оранжериите да можат да го откупат државното земјоделско земјиште по пазарна вредност утврдена со методологијата.