- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Николовски: Со мерките од Програмата за рурален развој, ќе обезбедиме достоинствен живот за граѓаните од сите рурални срединиDate of publication: 2 April 2018Со ефикасна искористеност на мерките од Програмата за рурален развој 2018, наменети за општините, ќе се обезбеди квалитетен и достоинствен живот за граѓаните од сите рурални општини, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, со градоначалниците од сите општини и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,Николче Бабовски. На средбата се презентираа трите мерки од Програмата за рурален развој за 2018 година наменети за општините, кои се од исклучително значење за подобрување на условите за живот на граѓаните во руралните средини во Република Македонија. Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година нуди повеќе инвестиции поделени во три основни мерки: „Подобрување на квалитетот на живот во рурални средини“, „Обнова и развој на селата“, и „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“. Сите овие мерки се наменети за разни капитални инвестиции во рурална инфраструктура и инвестиции во јавна социјална инфраструктура. „Согласно европскиот пристап, политиката за рурален развој ги содржи сите елементи на модерна државна интервенција, која вклучува модернизација и структурно прилагодување на земјоделско-прехрамбениот сектор и поттикнување на економски активности за зачувување на природните, културните и развојните вредности на руралните подрачја. Предвидени се капитални инвестиции во рурална инфраструктура и во насока на решавање на приоритетните комунални проблеми на жителите во руралните средини, како и државни инвестиции за изградба на јавна социјална инфраструктура како што се клубови за млади и стари и културни центри. Со реализација на овој тип на инвестиции ќе се обезбеди солидна урбана и транспортна инфраструктура во и вон руралните населени места, со единствена цел подобрување на условите за живот на граѓаните и позитивно влијание на развојот на економските активности“, истакна министерот Николовски. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов презентираше неколку кои се однесуваат на потребата од обезбедување на поголеми средства и поголема транспарентност на постапките, и кои се однесуваат на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Дел од барањата беа во насока на забрзување на постапката за пренамена на земјоделско земјиште во градежно пред државните институции, особено кога тоа придонесува за економски развој на руралните општини, како и зголемување на финансиските средства на општините, пред се на руралните општини, во делот на средства од продажба на земјоделското државно земјиште „Бараме да се укине учеството од општините во плаќањето на ДДВ за проектите согласно Програмите за финансирање на руралниот развој. Ако ова веднаш не е можно, бараме разликата која ќе се појави помеѓу проектираниот износ и износот на проектното решение добиен по спроведена јавна набавка и е-аукција, општината да го искористи за наплата на ДДВ обврската од страна на апликантите“, изјави Шилегов. Директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, посочи дека неповратната финансиска поддршка по барање на корисникот може да се додели во вид на авансна исплата во висина од 20 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци или да се додели на две рати или согласно со фазите на реализација на инвестицијата. Бабовски посочи дека во фаза на акредитација за ИПАРД 2 Програмата е и новата мерка наменета само за општините „Рурална јавна инфраструктура во вкупно 12 милиони евра на располагање и со 100 отсто на финансирање на проектите на општините. Мерката ќе биде достапна од 2019 година. |