- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Од денеска започнува аплицирањето за субвенциите за 2018 година, рокот за поднесување апликации е до 15-ти мајDate of publication: 23 March 2018Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2018 година е започнат и ќе трае до 15 мај.
„Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланици“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.
Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Агенцијата на својата веб страна www.ipardpa.gov.mkги објави упатствата за корисници, телефонските броеви и електронската адреса каде што ќе може да се поставуваат прашања во врска со поднесување на барањата.
Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцелисо состојба на 15 март 2018 година.
Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето. Затоа ги потсетуваме одгледувачите пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
„Затоа ги потсетуваме одгледувачите пред поднесување на барањето задолжително да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор. Апелираме до земјоделските стопанства доколку има било какви промени настанати во меѓувреме, во периодот од 15 мај до 15 јуни, во тие дополнителни законски 30 дена, да се обратат до подрачните единици на МЗШВ и да можат да ги внесат корекциите“, рече Бабовски.
При тоа Бабовски нагласи дека на земјоделците во програмата за 2018 година на располагање им се 6 милијарди и 210 милиони денари кои се наменети за директни плаќања. Според податоците за досегашните исплатим, Бабовски посочи дека повеќе од 78 милиони евра се исплатени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделство, а повеќе од половина од Програмата за 2017 е реализирана. |