- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
МЗШВ: Континуирано се следи состојбата со ниските температури и нивното влијание врз земјоделските културиDate of publication: 23 March 2018Министерството за земјоделство, шумарство и водостoпанство континуирано ја следи состојбата со врнежите од снег и ниските температури, како и нивното влијание врз земјоделските култури.Воедно, во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи, се следи и метеоролошката прогноза, со цел навремено да се информираат земјоделците и да се подготват за преземање на превентивни мерки.
Според прогнозите на Управата за хидреометеролошки работи, снежниот бран ги затекна овошките во фаза на полно цветање каде нивната издржливост кон ниски минимални температури е околу -2 до -3 степени. Бидејќи остварените температури беа во тие граници, не се очекуваат значителни оштетувања на родот.
Понатаму, ваквите временски услови и облачноста во текот на викендот нема да дозволи драстично опаѓање на утринските температури. Најниски температури се очекуваат во недела кога, во утринските часови температурите би се спуштиле до -4 степени. Бидејќи овие температури се блиску до границите на издржливот, може да предизвикаат само проретчување на родот, но не и негово оштетување.
На почетокот на наредната седмица се очекува променливо време со повремени врнежи од дожд кои ќе одржуваат позитивни утрински температури, но и покачување на дневните температури до петнаесеттиот степен. Во втората половина од неделата, се очекува стабилизирање и пораст на дневните температури и до 20 степени.
Според податоците од Подрачните единици на МЗШВ, досега земјоделците немаат пријавено штети од ниските температури и врнежите од снег, но состојбата на терен континуирано ќе се следи, со цел навреме да се преземаат доколку е потребно соодветни мерки. |