- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Дванаесет локации избрани за консолидација на земјоделско земјиште во земјатаDate of publication: 9 March 2018Проектот МАИНЛАНД, финансиран од Европската Унија, кој го споведува Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), бележи клучно достигнување со изборот на 12 проектни области за консолидација на земјоделско земјиште ширум земјата. Изборот на проектни области за консолидација на земјоделско земјиште е кулминација на серија подготвителни активности кои се реализираа во текот на изминатите неколку месеци. Иницијално беше изработена методологија за избор на локации за консолидација на земјоделско земјиште, по што следуваа обуки на вработените во МЗШВ и Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството (АПРЗ) како да работат заедно со земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште при подготовка и поднесување на изјави за интерес за локални проекти за консолидација на земјиште.Во ноември 2017 година, проектот организираше четири регионални работилници во Гостивар, Битола, Струмица и Штип, со цел да се зголеми локалната свест и разбирањетоза придобивките од консолидацијата на земјиште и да се објасни како земјоделците и сопствениците на земјоделско земјиште можат да аплицираат како корисници на проекти за консолидација на земјиште. Интензивните напори за подигнување на јавната свест и интересот, резултираа со 40 изјави за интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиште, поднесени од различни локални заедници, во декември 2017 година. Врз основа на евалуација наспроти неколку критериуми за избор, беше направен конечен избор од 12 локални заедници, со највисок потенцијал и интерес за консолидација на земјоделско земјиште. Избраните заедници се: Стојаково во Општина Богданци; Логоварди, Трн, Оптичари и Жабени во Општина Битола; Лешани во Општина Дебарца; Чешиново, Соколарци, Спанчево и Чифлик во Општина Чешиново-Облешево; Царев Двор во Општина Ресен; и Моноспитово во Општина Струмица. Локалните заедници беа рангирани според критериуми како, големина на проектната област за консолидација на земјоделско земјиште, степен на расцепканост на земјиштето, големина на земјишните парцели, процент на изложеност на земјиштето, топографија на теренот, присуство на повеќегодишни култури, како и на недвижни објекти во областа, и еден од клучните критериуми - интересот на земјоделците и нивната посветеност да се вклучат во процесот на консолидаци на земјоделското земјиште. Во периодот што следува, проектот ќе објави тендер за спроведување на физибилити студии (студии за изводливост) во одбраните области за консолидација на земјоделско земјиште. Главната цел на студиите е да се направи детална проценка на моменталната состојба на терен, да се потврди подготвеноста на земјоделците и сопствениците на земјиште да се вклучат во процесот, да сеидентификуваат индивидуалните потреби, да се провери дали се задоволени сите предуслови за успешна имплементација на консолидацијата на земјиште, во секоја од избраните области. Врз основа на анализата на ситуацијата, студиите ќе обезбедат препораки за најдобар пристап за консолидација на земјиштето во секоја од областите, а исто така ќе ги идентификуваат и приоретизираат потребните инвестиции во нови пристапни патишта и инфраструктура за наводнување и одводнување, во зависност од потребите во секоја заедница. Проектот ќе го поддржи целокупниот процес на спроведување на претстојните физибилити студии во секоја од избраните области, преку јакнење на капацитетите на лиценцираните геодетски фирмикои ќе ги спроведуваат студиите, внимателно следење на теренските активности и подготовка за активностите што ќе следат во наредните фази од процесот на консолидација на земјиштето. "Консолидацијата на земјиште прилагодена на специфичната ситуација во земјата е ефикасен инструмент за решавање на структурните проблеми со расцепканост на земјоделското земјиштето и малата површина на земјоделските стопанства. Искрено се надевам дека земјоделците и сопствениците на земјиште во 12-те избрани заедници активно ќе се вклучат во процесот на консолидација на земјоделското земјиште и на овој начин ќе стекнат корист од проектот", изјави Мортен Хартвиген, Експерт за земјишни политики, од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија во Будимпешта. Проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште” - или MAINLAND – го спроведува Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) за да обезбеди поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство при спроведувањето на Националната стратегија за консолидација на земјиште за 2012-2020 година. Буџетот на проектот изнесува 2,56 милиони евра (финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (2,5 милиони евра) и придонес на ФАО (61,2 илјади евра).Истиот ќе се спроведува во времетраење од 3,5 години, почнувајќи од март 2017 до август 2020 година. Главната цел на проектот е да се реши проблемот со фрагментираноста на земјоделското земјиште со цел да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси. |