- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Потпишани првите договори за Програмата ИПАРД 2014-2020Date of publication: 6 March 2018Денеска во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа првите четери договори за користење на финансиски средства од Програмата ИПАРД 2014-2020. Во текот на следните денови ќе биде потпишан уште еден договор. Договорите беа потпишани од страна на директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, а на чинот на потпишување присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Министерот Николовски посочи дека ефикасното искористување на ИПАРД Програмите е еден од главните приорити на МЗШВ, со цел приближување до европскиот аграр. „Станува збор за 60 милиони неповратни средства, европски пари.Нашата цел е ефикасно искориствување на европските фондови, ако изминатите години искористеноста била слаба, сега сакаме ова да биде една успешна политика на Владата на Република Македонија, и затоа сме целосно фокусирани да ги направиме сите подготвителни активности сите промени, во било кој дел, се со цел овие средства да бидат искористени за модернизирање на земјоделството и создавање на конкурентни производи“, изјави министерот Николовски Директорот Бабовски изјави дека, Платежната агенција успеа со расположливиот капацитет за неполни осум месеци да се стигне до потпишување на првите пет договори за Програмата ИПАРД 2014-2020. „На овој начин покажуваме дека Владата на Република Македонија е целосно посветена на ефикасно искористување на парите од ИПАРД Програмите, и ова е еден добар пример.Исто така работиме и на акредитација на нови мерки, тоа е мерката Рурална јавна инфраструктура и ЛИДЕР Програмата заедно со советодавните услуги, кои и на нашите земјоделци и на преработувачките капацитети, ќе им го олесни патот за користење на парите од ИПАРД Програмата 2014-2020, изјави директорот Бабовски. На првиот јавен повик од ИПАРД Програмата 2014-2020 кој беше објавен лани, има рекордно голем број на добиени барања за ко-финансирање. Пристиганти се 1.648 барања, со вкупна побарана финансиска поддршка од околу 73,6 милиони евра. Станува збор за мерките: Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, Инвестиции во основни средства за преработка на земјоделски и рибни производи и Диферзификација на фармите и развој на бизниси. Вкупните финансиски средства од целата ИПАРД Програма 2014-2020 која може да се користи до 2023 година изнесува 79,6 милиони евра, од кои 60 милиони евра се од европските фондови, а останатите се национално буџетирање. До денеска се одобрени 5 решенија за одобрување на барање за финансиска поддршка од мерката 3 “Инвестиции во основни сресдства за преработка на земјоделски и рибни производи“ со вкупна вредност на финансиска поддршка до 310.000 евра, од кои 232.500 евра се европски средства. Во тек се проверките на останатите предмети од трите мерки и се очекува во месец март и април да бидат склучени договорите за сите мерки.Еден од проблемите со кој се соочуваат потенцијалните корисници на ИПАРД Програмите е недостаток на средства за реализација на инвестицијата, затоа МЗШВ во соработка со другите институции интензивно работи на воспоставување на механизам, односно гарантен фонд, кој би овозможил предфинансирање за ИПАРД Програмите. Министерот Николовски и директорот Бабовски, истакнаа дека за ефикасна искористеност на средствата, потребна е силна екипираност на Платежната агенција, а Владата веќе го детектираше проблемот, и во тек е процесот за првите нови вработувања и кадровска екипираност на Платежната Агенција и на Телото за управување со ИПАРД. |