- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Владата формираше Комитет за земјоделство и безбедност на хранаDate of publication: 5 January 2018Владата донесе одлука за формирање на Комитет за земјоделство и безбедност на храна. Комитетот се формираше на предлог на Канцеларијата на Претседателот на Влдата на РМ.Со работата на Комитетот ќе раководи претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како претседател на Комитетот. Овој Комитет ќе има задача да ја следи реализацијата на мерките и проектите од областа на земјоделството, безбедноста на храната и ветеринарната заштита на животните. Исто така Комитетот ќе дава насоки и предлози заради подобрување на состојбите во агросекторот и безбедноста на храната. Со формирање на овој Комитет земјоделците и агробизнисмените, добиваат уште едно силно владино работно тело кое ќе биде во функција на нивното работење, решавање на проблемите во овој сектор, но и потенцирање на европските перспективи на македонскиот аграр. Идејата за формирање на Комитетот за земјоделство и безбедност на храна е поради важноста на земјоделското производство како стратешка гранка која се однесува на околу 200.000 земјоделски семејства кои најдиректно се зависни од состојбата во агросекторот но и на сите граѓани, бидејќи се работи за производство на храна. Од стопански аспект, се работи за сектор кој е извозно ориентиран и може да придонесе во намалување на трговскиот дефицит а исто така и да овозможи нови вработувања. Со оглед дека се работи за сезонски активности и голема непредвидливост во производството, важноста на формирањето на Комитетот е уште поголема за да може да се реагира навремено и правилно. Со Комитетот ќе претседава Претседателот на Владата, Зоран Заев, а постојани членови се и заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања – Кочо Анѓушев, министрите за земјоделство, финансии и здравство, Љупчо Николовски, Драган Тевдовски и Венко Филипче, како и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку. Во Комитетот членуваат и посебниот советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Премиерот, Ленче Николовска како и директорите на Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за финансиска поддршка, АПРЗ и на Државниот земјоделски инспекторат. Во работата на Комиететот како постојани членови се и Државниот советник на МЗШВ и директорите на ЈП Македонски Шуми, Пасишта и АД Водостопанство. Зависно од проблематиката во работата на Комитетот може да бидат вклучени и други министри, заменици министри и државни службеници како и други експерти и стручни лица за одделни прашања кои ќе бидат предмет на разгледување од страна на Комитетот, на предлог на претседателот или членовите на комитетот.
|