- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Земјоделците со приход до еден милион денари, ќе добијат поврат на персоналниот данокDate of publication: 14 December 2017Сите земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и ќе имаат приход до 1 милион денари во тековната година, персоналниот данок кој во текот на годината им се задржува, на крајот ќе им биде во целост вратен, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на денешната прес конференција за измените на измените на Предлог Законот за персонален данок на доход. Министерот Николовски, посочи дека со оваа законска измена досегашното ослободување до 300 илјади денари приход, ќе се претвори во поврат за земјоделците со основнаа дејност што имаат приход до милион денари. „Интересот на земјоделците е врвен приоритет на Владата и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Секој наш чекор, секоја наша мерка, е во насока на придобивка за земјоделците и нивната заштита. Заеднички со Mинистерството за финансии, имаме предлог законско решение за персонален данок, од кој директна полза ќе имаат земјоделците. Не водеше состојбата во земјоделскиот сектор и потребите на индивидуалните земјоделци. Разговаравме со сите засегнати страни за да биде постапката сеопфатна, изјави минисетрот Николовски. Со ова решение околу 65 илјади земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок и ќе бидат ослободени од товарот на персоналниот данок. Со оваа мерка, околу 7 милиони евра повеќе пари ќе останат кај земјоделците. Од државата се пренасочуваат кон граѓаните земјоделци. Дополнително со новите измени земјоделците се ослободуваат од административните трошоци. Ќе бидат ослободени од обврската да поднесуваат даночни пријави. Тоа во нивно име ќе го сторат откупувачите. „Ова е целосно реализирање на нашата обврска пред изборите и од нашата Програма: Дека земјоделците ќе бидат ослободени од паушално одданочување. По неселективната исплата на повеќе од 90 милиони евра субвенции, зголемувањата на поддршката за голем број култури, на ред дојде и ветената даночна реформа. Партнерскиот однос кој го градиме со земјоделците е се повидлив, а резултатите се неминовни. Со новиот Буџет, најавуваме развојни проекти и силна поддршка за модернизација и развој на македонскиот аграр. Со тоа ја иапсолнуваме нашата цел за враќање на достоинството на македонскиот земјоделец и доближување на нашето земјоделство до европските стандарди“, изјави министерот Николовски. |