- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Повик од МЗШВ за пријавување на социјални и економски партнериDate of publication: 12 December 2017Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделските здруженија и земјоделските задруги, како и Стопанските комори да се пријават за социјални и економски партнери на МЗШВ.
Условите кои треба да ги исполнат заинтересираните, се наоѓаат во Правилникот за начинот за упис и бришење од евиденцијата на социјални и економски партнери и потребната документација (во додаток за превземање).
Поради потребата потсекторските групи да почнат со работа во 2018-та година, пријавите треба да се достават до крајот на овој месец. Потоа, МЗШВ, до оние кои ги исполнуваат условите, ќе испрати покана за номинирање претставник (член) во потсекторските групи.
Пријавувањето се врши со пополнет Образец - Барање за упис во евиденцијата на социјални и економски партнери (во додаток за превземање). Барањето се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта Трети број 2, 1000 Скопје, или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот. На пликото треба да стои „за повик од МЗШВ за пријавување на социјални и економски партнери.“ Додаток за превземање: Додаток за превземање: |