- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Николовски одржа работен состанок со директорите на органите под надлежност и во состав на МЗШВDate of publication: 10 November 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше работен состанок со 13 директори на органите и секторите кои се под надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На состанокот, се анализираа актуелните состојби во земјоделските сектори. Присутните директори, секој поединечно ги елаборираа начинот на работа и идните планови за подобро функционирање.
Министерот Николовски посочи дека со цел да може тековно да се следи работата на сите сектори и органи во составот на МЗШВ, како и да се обезбеди помош, соработка и целосна поддршка од МЗШВ и Владата на Република Македонија, договорено е секој понеделник да се одржува колегиум со раководителите на секторите во министерството, а секој петок министерот, заменикот министер и државниот секретар на МЗШВ да одржуваат состанок, на кој по потреба ќе ги повикуваат директорите на Агенциите, Управите, Инспекторатите и Јавните претпријатија под надлежност на МЗШВ.
На овој начин ќе се олесни соработката и навременото извршување на обврските и задачите во сите сектори и органи во состав на МЗШВ, посочи министерот Николовски, додавајќи дека само преку меѓусебна соработка и поврзаност на МЗШВ со сите органи од областа на земјоделството, ќе може да се носат ефикасни политики за развој на земјоделство и навреме да се решаваат проблемите на земјоделците. |