- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Oтворен саемот ״ Зелена недела во Берлин ״Date of publication: 15 January 2010Од денеска, до 24 јануари, во Берлин Германија ќе се одржи 75 меѓународен саем за земјоделство ,,Зелена недела,,. Македонската делагација предводена од државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари, со компаниите од земјоделско-прехранбениот сектор, на учеснците и посетителите на оваа реномирана саемска манифестација ќе им ги претстават потенцијалите на Република Македонија од областа на акросекторот.
Презентирани ќе бидат и извозните адути од богатата палета земјоделско-прехранбени производи од Македонија, во прв ред македонското вино, кое ќе има примат на годинашното претставување земјоделското производство на нашава држава на ,,Зелена недела ,,во Берлин, каде преку секторот земјоделство се претставуваат и најразвиените земји производители. На оваа саемска манифестација годинава ќе се претстават 1.589 излагачи од 56 земји.
Утре, 16 јануари, државниот секретар Јашари ќе учествува на панел дискусијата и вториот Берлински самит на министрите за земјоделство ,, Земјоделството и климатските промени – нов концепт и предлози од политиката и индустријата. |