- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Николовски е именуван за ко-претседател на на Меѓувладината македонско-руска комисијаDate of publication: 1 November 2017Владата на Република Македонија донесе решение за именување на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за ко- претседател на македонскиот дел на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација.
Во фокусот на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација, ќе бидат неколку сектори, како земјоделство, енергетика, индустрија, трговија,транспорт, образование, наука, култура, туризам и воено-техничка соработка.
Целта на оваа Комисија е унапредување на трговско- економската и научно-техничката соработка меѓу двете земји. За таа цел, во рамки на Комисијата се формирани работни групи од секој од погоре споменатите сектори, кои меѓусебно соработуваат и подготвуваат соодветни материјали за одржување на седниците на Меѓувладината Комисија.
Оваа Комисија беше во мирување изминатите три години поради политичката криза. Динамиката на одржување на седниците на Комисијата е еднаш годишно, а следната седница ќе биде одржана во Република Македонија, во најбрз рок. |