- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Николовски: Функционална размена на податоци за ефективни земјоделски политикиDate of publication: 31 October 2017Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска присуствуваше на завршувањето на проектот „Надградба на земјоделскиот информативен систем и воспоставување на системи за размена на податоци помеѓу МЗШВ и останатите релевантни институции“, финансиран од Инструментот за претпристапната помош ИПА, на Европската унија. Целта на овој проект е функционална размена на податоци помеѓу Министерството, за земјоделство, шумарство и водостопанство и релевантните институции како што Државниот завод за статистика, Платежната агенција, и останатите инстутуции, кои располагаат со податоци потребни за анализа и креирање на идните земјоделски политики. Проектот се спроведуваше 20 месеци во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а беше во вредност од 700.000 евра. Министерот Николовски истакна дека соодветното креирање на земјоделските политики придонесува кон намалување на иселувањето и задржување на населението во руралните области, а со тоа зголемување на земјоделското производство и намалување на увозот. „Креирањето соодветни политики најмногу зависи од развојот на човечките ресурси преку континуирано надградување на знаењата, следење на светските трендови во земјоделството и организираноста на институциите при донесувањето одлуки. Овој проект преку реализација на предвидените активности придонесе за јакнење на капацитетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа во насока на започнување на процесите на планирање и анализа на политиките“, изјави министерот Николовски. Министерот Николовски информираше дека во рамки на проектот се изработени прирачници за креирање биланси за понудата и побарувачката за најважните производи: жита, ориз, зеленчук, овошје, вино и месо, потребни во процесот на донесување одлуки поврзани со развојот на политиките во земјоделството и руралниот развој, а изготвен е и нов софтвер за Земјоделскиот пазарен информативен систем кој преку новата веб страница овозможува поедноставно управување и внесување податоци, но и поедноставен преглед на цените на земјоделските производи. „Се изработи и прирачник поврзан со управување со циклусот на политиките за земјоделство и рурален развој, вклучувајќи процеси за анализа, мониторинг и планирање. Од самиот проект произлегоа и индикатори за следење и евалуација на земјоделската политика согласно принципите на заедничката земјоделска политика на Европската унија, односно индикатори за влијанието на политиката, показателите за резултатите од политиката и аутпут индикатори“, посочи министерот Николовски. Координаторот на проектот Вирве Вимпари, истакна дека Европската унија ќе продолжи да ги поддржува македонските институции за јакнење на нивните капацитети во насока на креирање регулативи согласно заедничката европска земјоделска политика.
|