- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Македонските преработки од зеленчук и овошје беа дел од светскиот саем „Ануга 2017 “ во ГерманијаDate of publication: 20 October 2017Македонските производители и извозници на преработки од земјоделски производи, од 7-ми до 11 –ти октомври годинава, учествуваа на најголемиот светски саем за храна „Ануга 2017“, во Келн, Германија. Со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Македонија на овој саем имаше свој штанд со вкупна површина од 129 м2, каде што македонски компании од областа на земјоделство имаа можност да ги изложат своите производи. На саемот имаше и претстваник од МЗШВ, со цел за следење на промотивните активности на другите држави и позитивните странски искуства, кои во иднина би можеле да се применат за националното претставување на Македонија. На саемот учествуваа 16 компании за преработка на земјоделски производи кои се извозно оринетирани. Со поддршка на УСАИД беа организирани состаноци со преставници на германски супермаркети и увозници на големо, во различни земјоделски сектори, како за ајвар и конзервна индустрија, преработки на кечап и мајонез, замрзнато овошје и зеленчук и сокови. Странските комапнии покажаа голем интерес за македонските земјоделски преработки, што беше видливо од посетата на македонскиот штанд. Меѓудругите, компаниите од Кина беа заинтересирани главно за преработки од пиперка и ајвар. Воедно, на саемот, општините Струмица и Кичево, ги промовираа своите потенцијали како бизнис дестинации. Општините го презентираа каталогот на извозно – ориентирани претпријатија од двете општини во рамки на штандот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, со што посетителите имаа можност да се запознаат со претпријатијата кои имаат потенцијал за извоз, нивните производи и услуги и сите други потребни информации за понатамошна соработка. Во рамки на саемот се промовираа можностите и капацитетите во Република Македонија, се со цел привлекување на странски инвестиции и проширување на индустриските капацитети. Како дел од придружната програма на саемот „Ануга”, во рамки на проектот „Бизнис Мрежа С-К-К”, беше реализиран и настанот „Движи се напред – Бизнис соработка со Македонија!”. Годинава саемот го посетија над 160.000 посетители дневно, а со свои штандови се претставија 7.400 компнании изложувачи, од над 107 држави. Саемот „Ануга“ е од големо значење за македонските преработувачи, поради тоа што се работи за извозно ориентирана индустрија, а најоглем е извозот токму на германскиот пазар. Поради тоа интенцијата на македонските преработувачи преку изложувањето на производите на овој саем, да остават позитивен впечаток кај трговските партнери, но воедно и да остварат нови контакти за проширување на извозните пазари. Саемите од ваков тип се одлична можност за промоција на македонските производи, размена на искуства во однос на производството и трговијата, следење на новите технологии, како и отворање на нови можности за зголемување на извозот на македонските земјоделски производи. |