Николовски: Капацитетите на АПРЗ ќе се стават во функција на земјоделците

Date of publication: 
9 October 2017
slika1.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Битола оствари средба со новиот директор на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ),  Зоран Стојчевски и со вработените во АПРЗ. На средбата беа лоцирани моменталните слабости на Агенцијата, и при тоа се дефинираа следните чекори за јакнење на оваа важна институција за земјоделците.

Министерот Николовски истакна дека капацитетите на АПРЗ ќе се стават во целосна функција на земјоделскиот сектор и на создавање и поддршка на модерно и конкурентно производство, согласно надлежностите на АПРЗ, а тоа се информирање,едукација и целосна соработка со земјоделците.

 

„Цврсто сме убедени дека оваа  Агенција треба  да функционира на највисоко можно ниво со воведување на нови стандарди во своето работење,а во функција на развојот на земјоделството и на поддршката на земјоделците.Затоа Владата на Република Македонија презема конкретни чекори и заедно со Владата на Република Словенија е договорена конкретна соработка која што ќе биде развиена меѓу двете Влади, а која што ќе се однесува на целосно реформирање, реорганизирање и зајакнување на капацитетот на АПРЗ со целокупна поддршка од Владата на Република Словенија. Сметам дека овој договор во следниот период ќе вроди со плод.Предвидено е  дојдат експерти од кои ќе ни биде понудена и техничка и целокупна поддршка, се со цел советодавната служба во Македонија да биде организирана на ниво и начин на кој што тоа го работат и земјите од регионот и земјите од Европската унија“, изјави министерот Николовски.

 

На средбата присуствуваа и вработените од АПРЗ, со кои министерот разговараше за можностите и плановите, за јакнење на оваа Агенција која што е од исклучително значење за развојот на земјоделството.