- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Одредени приоритите за чистење на речните корита и одводните каналиDate of publication: 12 January 2010Координативното тело на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска ги договори активностите за чистење на речните корита и одводните канали во зимско-пролетниот период.
Министерството оваа пролет ќе го реализира чистењето во должина од 38.096 метри и тоа во општините Другово, Кавадарци, Тетово, Брвеница, Пласница, Битола, Богданци, Василево, Гевгелија, Кичево, Зајас, Македонска Каменица, Струга, Прилеп, Крива Паланка, Дебарца, Радовиш, Долнени и Ресен, најави на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. За есенскиот дел предвидено е чистење на повеќе од 20 километри од одводните канали и речните корита. Вкупната должина која е предвидена да се исчисти во 2010 година е од 50 до 60 километри, а средствата се обезбедени од МЗШВ и Фондот за води.
Министерот објасни дека во акцијата може да се вклучат сите водостопански претпријатија, а предност ќе имаат оние со сопствена механизација.
- За акцијата планирани се од 35 до 40 милиони денари, а доколку има потреба ќе се обидеме да пренамениме некои средства за успешно да го реализираме чистењето, додаде министерот Димовски.
Координативното тело констатира дека без преземање на континуирани акции на Владата за чистење на каналите и речните корита во последните три години, денеска ќе се повтореше сликата на поплавени домови и земјоделски површини, особено во скопските општини кои се наоѓаат под нивото на река Вардар, а штетите ќе беа огромни. Оддржувањето на исчистените канали посочија градоначалниците на општините Петровец, Борче Митевски и на Илинден Жика Стојановски, е на задоволително ниво, а подигната е и граѓанската свест.
Во однос на актуелната состојба со поплавите во соседна Албанија, министерот Димовски потенцираше дека Република Македонија преку своите институции ќе стори се за да ги заштити граѓаните од евентуално поплавување и како што рече тој, постојано се внимава ситуацијата да не излезе од контрола. |