Николовски во посета на инспекторските служби на АХВ и на Фитосанитарна управа на граничниот премин Деве Баир

Date of publication: 
5 October 2017
22281347_10156178087565628_1151105918_o.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска заедно со директорот на Царинската управа на Република Македонија, Ѓоко Танасоски и директорот на државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски, го посетија  граничниот премин Деве Баир, каде што свои инспекторски служби имаат  Фитосанитарната управа и  Агенцијата за храна и ветеринарство.

Станува збор за важни субјекти на овие институции кои работат во областа на контрола на пратките од растително и животинско потекло, што влегуваат во земјава.

Од посетата на терминалот, беше воочено дека изминатите години не се вложувало во службите на Фитосанитарната управа и на Агенцијата за храна и ветеринарство, на граничниот премин Деве Баир, а инспекторите  работат во исклучително лоши услови, без елементарни услови за работа  и за контрола на пратките од увоз.

Функционирањето на инспекторските служби на граничниот премин Деве Баир е од исклучително значаење за Република Македонија, бидејќи се работи  премин преку кој има голем проток на пратки од растително и животинско потекло кои стигнуваат  од Бугарија, Турција, Кина и од други азиски земји, а контролата на увозните пратки е важна за здравјето на граѓаните,  животните и растенијата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе работи на јакнење на капацитетите на овие две институции на граничните премини, бидејќи од нивната работа, зависи  безбедноста и квалитетот на производите што се увезуваат во Република Македонија.