- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Се расчистуваат долговите за членарини во меѓународните институцииDate of publication: 17 July 2017Новата Влада и ние како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнуваме да ги расчистуваме сите долгови што ги има Македонија по основ на неплатени членарини во меѓународни организации - членарини кои досега поранешната Влада не ги плаќала. Затекнавме неплатени фактури за неколку години за членарините во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино, Европската и медитеранска организација за заштита на растенија и Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG). Со неплаќањето на членарините на Македонија не само што и се нарушил имиџот пред Меѓународните организации, туку и се заканува опасност од губење на право на глас во овие организации, дури и исклучување.
Нема да дозволиме да се наруши имиџот на Македонија пред меѓународните институции и нема да дозволиме Македонија да го изгуби правото на глас или пак да биде исклучена од членството во ниту една од овие Меѓународни организации, кои се клучни за помош на развојот на македонското земјоделско производство, за креирање и регулирање на мерки за меѓународна трговија на земјоделски производи, но и од кои добиваме техничка, стручна и финансиска помош.
За само еден месец ние плативме околу 31 илјади евра за членарина во Организација на храна и земјоделство при ООН (ФАО). Од денеска почнавме процедура за плаќање на долгот во Меѓународната организација за вино. Етапно ќе ги подмириме и долговите за останатите години и во другите организации. Во моментов според податоците од надлежните сектори, вкупниот долг за членарина за сите овие четири организации изнесува околу близу 400.000 евра.
Најмногу години не се плаќало членарина во Европската организација за заштита на растенијата (ЕППО). Цели пет години не е платена членарината во оваа организација, поради што на Македонија и се заканува опасност од исклучување. Во моментов долгот за овие пет години изнесува 134.200 евра. Членството во оваа организација е важно заради размена на искуства во делот на заштитата на растенијата, усогласување на законските регулативи и употребата на заштитните средства.
Три години не е платена членарината во Меѓународната организација за вино. Таму вкупниот наследен долг за последните три години изнесува 56.700 евра. Веќе кажав на почетокот дека денеска почнавме процедура за подмирување на овој долг.
До 2012 година за ФАО не се плаќало ништо. Потоа следните години се плаќале минимални износи, а реалните долгови само се акумулирале. Така што наследивме вкупен долг од 2012 до сега во износ од речиси 134 илјади евра. Од централата на ФАО во мај пратиле допис до македонското Министерство за надворешни работи со предупредување дека Македонија поради неплатената членарина ќе го изгуби правото на глас. Повторувам дека на почетокот на месецов ние плативме околу 31 илјади евра и со тоа го задржавме правото на глас. Оваа меѓународна организација е важна за Македонија бидејќи преку нејзе се спроведуваат низа проекти за развој на земјоделство со грантови од Европската унија. Три години не се плаќало членарина во (SWG) Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа. Вкупниот долг за овие три години изнесува 90 илјади евра. Членството во оваа организација е важно заради усогласување на националната регулатива со европската во делот на земјоделството, но и за воведување политики за развој на земјоделството. |