- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на министерот со амбасадорот на Република ТурцијаDate of publication: 11 July 2017На денешната средба на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара, беше потврдена заложбата за негување на пријателските односи меѓу двете земји, кои имаат воспоставено одлична билатерална соработка на политички и економски план, а меѓусебните односи во областа на земјоделството, шумарството и водостопанството бележат постојан напредок.
Беше потенцирана важноста од почести средби на министерско ниво со цел да се забрза реализацијата на сите отпочнати иницијативи и отпочнување на нови заеднички проекти. Министерот Николовски доби покана за посета на Република Турција и средба со неговите колеги, министерот за земјоделство и храна и министерот за води и шуми во најскоро време, а во рамки на оваа посета се очекуа да се потпише Меморандумот за соработка во областа на водите со кој ќе се овозможи реализација на пет мали акумулации во земјата. Како дел од приоритетните проекти за рехабилитација и инвестирање во инфраструктурата во водостопанството.
Беше разговарано за соработка и во областа на шумарството, преку можноста за спроведување стручна обука за македонските служби за гаснење шумски пожари, во Меѓународниот центар за обука во Анталија. Турското знаење и искуство од оваа област е многу значајно, имајќи го предвид фактот дека шумските пожари претставуваат закана за македонските шуми и безбедноста на граѓаните, така што нивното ефикасно третирање е неопходно за да се спречат штети од поголеми размери. |