- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Од денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот, ќе се исплатат 25 милиони евраDate of publication: 28 June 2017Уште од првиот ден од доаѓањето во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, работиме на деблокирање на исплатата на субвенциите за тутунот, пари кои тутунопроизводителите ги чекаат долго време. По речиси еден месец, успеавме да ги отстраниме сите пречки за исплата на субвенциите за тутунот. Со задоволство, Ве известувам дека од денеска почнува исплатата на субвенциите за производитлите на тутун. Во Министерството за финансии се пристигнати сите налози за исплата на субвенциите за тутунот во износ од речиси 1.5 милијарди денари или близу 25 милиони евра, со што комплетно ќе бидат исплатени сите тутунопроизводители. Земјоделците денеска во попладневните часови и утре во текот на целиот ден ќе можат да си ги подигнат парите од банките. Изминативе недели направивме напори за да се деблокира исплатата и да се отстранат сите пречки. Само накусо ќе напоменат што се преземавме за да почне исплатата на субвенциите за тутунот.
Како Влада и понатаму ќе работиме во интерес на сите земјоделците и ќе бидеме отворени за решавање на сите проблеми во земјоделство. Приоритет на новата реформска Влада е зголемување на земјоделските површини, приносите и квалитетот на земјоделските производи, што ќе доведе до поголеми приходи во сите семејства кои се занимаваат со земјоделство.
|