- Ministry
- About the ministry
- Public relations
- Documents
- Organic production
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Нов проект за окрупнување на земјоделското земјиштеDate of publication: 8 May 2017Четири нови групирања на најмалку 1.000 хектари земјоделско земјште со цел нивно окрупнување, се очекува да бидат реализирани во наредните 3,5 години со проектот „Воведување национална програма за консолидација“.
Проектот официјално почна денеска. Финансиран е од ЕУ со 2,5 милиони евра, а го реализира ФАО. Предвидува јакнење на техничките и административните капацитети на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), но, сепак, клучните ефекти, како што беше речено на промотвината прес-конференција, се директно насочени кон производителите, сопственици на парцелите.
- Моментната неповолна структура на земјоделското земјиште составено од мали, фрагментирани површини, негативно влијае врз економичноста, приходите и профитабилноста на земјоделските стопанства. Просечната големина на парцелите по стопанство е 1,85 хектари или значително под европскиот просек од 16 хектари. Околу 60 отсто од сите земјоделски стопанства во земјава обработуваат помалку од еден хектар, а дури 90 проценти помалку од три хектари, истакна државниот советник во МЗШВ Перица Иваноски.
Ова, додаде, не го отсликува целиот проблем зашто дополнително, малите земјоделски имоти се фрагментирани на пет и повеќе просторно оддалечени парцели со големина од само 0,2 хектара.
- Поради раситнетоста, голем дел од парцелите немаат пристап до пат и до системите за наводнување или одводнување. Обработката на ваквиот земјишен капацитет го лимитира обемот на производство, ги зголемува трошоците, оневозможува примена на современи агротехнички мерки и модерна технологија, го спречува влезот на нови субјеки во бизнисот, а постојниот го прави економски неодржлив, посочи Иваноски.
Според Мауро Ди Вероли, раководител на Секторот за инфраструктура, земјоделство и социјална политика, Македонија презема чекори за окрупнување на земјиштето, прогресот е евидентен, но треба уште да се работи во оваа насока.
И Мортен Хартвигсен од ФАО нагласи дека основните чекори се преземени.
Претставувајќи го накусо проектот, Вилма Даугалиене од ФАО рече дека планираните активности се однесуваат на решавање на проблемите на земјоделците кои имаат ситни, расфрлени парцели, додека конкретниот исход е да му се помогне на Министерството да ги направи завршните чекори во консолидацијата на земјиштето преку јакнење на капацитетите.
Македонија има донесено Национална стратегија за консолидација на земјоделското земјиште за периодот 2012 - 2020 година, како и Закон за консолидација во 2013 година. Во рамки на МЗШВ, пак, е формиран и посебен сектор за оваа област. Воедно привршуваат двата проекта - за окрупнување на 360 хектари во Егри, Општина Битола, и на 32 хектара во Конче. |